Уживајте во купувањето со безбедна достава!

Нарачките реализирани преку веб страната или социјалните медиуми (FB, Instagram) се процесираат од одговорни лица на нашиот тим за еден ден.

Производите детално се проверуваат пред да се спакуваат. Доставата трае од 1-2 работни дена. Редовна цена за транспорт изнесува 150 ден, за нарачки со сума над 1500 ден транспортот е бесплатен. Пред достава редовно ве контактираат шоферите од каргото и се договарате за времето на доставата. За било каква информација во врска со вашата
нарачка може слободно да не контактирате, одговорни лица од нашиот тим ќе ве известат за секој чекор и така постојано ќе бидете во тек со вашата нарачка.

Потребни лични информации за онлајн нарачка, преку веб страната или социјалните медиуми, се следните: Име, Презиме, адреса, општина, град и тел. Број. Личните
податоци се користат само за потреби во врска со вашите нарачки. (за повеќе информации видете странаполитика на лични податоци. Постои можност за плаќање онлајн со
картичка. Постои можност за плаќање на рати без камата со diners картичка само во салоните на MOSS, истото не може да се реализира онлајн.

Заради тоа што онлајн производите се транспортираат преку карго (надворешна фирма) купувачите во моментот на прием на производот се должни веднаш истите
да ги прегледаат и веднаш да приговораат за евентуални оштетувања на производот/ите на лицето кое ја врши испораката, и на тел. Број за подршка на
корисници на MOSS. Во спротивно сите подоцнежни рекламаци во однос на оштетувања на производот/ите не можат да бидат прифатени.

Производите детално се проверуваат повеќе пати од страна на нашиот тим, затоа MOSS не превзема одговорност за скршени пратки направени од страна на
каргото. Затоа рекламацијата треба да биде итна за да оштетата направена од страна на каргото да го сноси каргото. Ова е се со цел да се заштитат нашите
купувачи и да се заштити MOSS од несакани активности од страна на карго службата.

Пред да се спремат нарачките за достава секој купувач се контактира од одговорни лица и се потврдуваат сите нарачки. Купувачот може да ја откаже, дополни или
корегира нарачката во било кое време, пред да се реализира плаќањето.

После успешно реализирана нарачка ќе ви биде испратен e-mail за потврда на нарачката од наша страна.

Купувачот треба да ги прочита и да се согласи со сите правила за купување, во спротивно MOSS не превзема одговорност за неинформираност на купувачот.
MOSS има право за промена на условите за купување без претходно известување на корисниците.